Манчестер Јунајтед подготвува нови договори за двајца фудбалери


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед подготвуваат нови договори за двајца фудбалери од првиот тим.

Додека се чека разврската со договорот на Давид Де Хеа, од Манчестер Јунајтед ќе се обидат да ги врзат со нов договор Виктор Линделоф и Џеси Лингард.

И двајцата имаат договори кои им истекуваат за две години, а од Манчестер сакаат да го обезбедат нивниот престој што подолго, посебно за Виктор Линделоф за кого интерес има од тимот на Барселона.