Манчестер Јунајтед повторно пазари стопер од Вилјареал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата да го ангажира стоперот на вилјареа, Пау Торес кој одигра одлична сезона.

Солскјер сака да ја засили конкуренцијата на стоперските позиции, па затоа ќе се обиде да го донесе 23 годишниот Торес кој е посочен како еден од најголемите европски таленти.

Пред неколку години Манчестер Јунајтед од Вилјареал го донесе Ерик Баи кој покажува одлични партии, но е склон кон повреди и почесто е надвор од теренот отколку на него.

Од клубот ова лето ќе си одат Крис Смолинг, Маркос Рохо и Фил Џонс, па ќе се отвори простор за ангажман на нов стопер.