Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Преминот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг во Вердер Бремен е се поблиску до реализација.
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе оди во Бремен во следните 48 часа за да го финализира договорот со германскиот клуб и да се приклучи во тренинг кампот на тимот.
Чонг во моментов е во Германија со тимот на Манчестер Јунајтед каде се игра завршницата од Лига Европа, па тој ќе може брзо да го комплетира трансферот и да се врати во клубот за да ги доигра средбите во Лига Европа.
Чонг ќе биде позајмен фудбалер во Вердер Бремен, а германскиот клуб ќе покрива поголем дел од неговата плата.