Манчестер Јунајтед пропуштил можност да ја донесе ѕвездата на Баерн Минхен за само два милиони фунти


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека Манчестер Јунајтед пропуштил можност да го ангажира Алфонсо Дејвис кој во моментов игра во тимот на Баерн Минхен.

„Ѓаволите“ во 2017 година имале закажано тринеделна проба на играчот кој требало да стигне во Англија.

Сепак, пробата била одложена затоа што Дејвис добил можност да игра во канадскиот олимписки тим и се одлучил да замине во младата репрезентација на Канда.

Неговите агенти го понудиле играчот да потпише за Јунајтед без проба, меѓутоа „ѓаволите“ не се согласиле на вакво нешто.