Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се вратија на победничките патеки откако го совладаа тимот на Челси во натпревар од петтото коло од ФА Купот.
Манчестер Јунајтед со 2:0 победи на „Стемфорд Бриџ“ и со тоа се пласираше во следната фаза од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Избраниците на Солскјер беа подобри во текот на целата средба, а најзаслужен за оваа победа беше Андер Ерера кој одигра маестрална партија. Одличен беше и Погба кој го постигна вториот погодок, а беше асистент на првиот кој го постигна Ерера.
Ова е трета победа на Оле Гунар Солскјер на третото тешко гостување во Лондон. Претходно Норвежанецот ги совлада Арсенал и Тотенхем.