Манчестер Јунајтед се врати на победите: Оле го замолкна и „Стемфорд Бриџ“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се вратија на победничките патеки откако го совладаа тимот на Челси во натпревар од петтото коло од ФА Купот.

Манчестер Јунајтед со 2:0 победи на „Стемфорд Бриџ“ и со тоа се пласираше во следната фаза од најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Избраниците на Солскјер беа подобри во текот на целата средба, а најзаслужен за оваа победа беше Андер Ерера кој одигра маестрална партија. Одличен беше и Погба кој го постигна вториот погодок, а беше асистент на првиот кој го постигна Ерера.

Ова е трета победа на Оле Гунар Солскјер на третото тешко гостување во Лондон. Претходно Норвежанецот ги совлада Арсенал и Тотенхем.