Манчестер Јунајтед славеше во дербито со Тотенхем, Мурињо поразен во враќањето на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед славеше сосема заслужена победа на дерби натпреварот против Тотенхем одигран на „Олд Трафорд“.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер со 2:1 ги надмудрија фудбалерите на Тотенхем предводени од Жозе Мурињо.

Во дресот на „ѓаволите“ блескаше Маркус Рашфорд кој ги постигна двата погодоци за својот клуб, додека голот за Тотенхем беше дело на Деле Али.

Во останатите натпревар, Лестер ја продолжува неверојатната победничка серија откако со 2:0 славеше против „давеникот“ Втофорд, Челси со минимални 2:1 славеше против Астон Вила, додека пак Саутемптон и Вулверхемптон како домаќини славеа против Норвич односно Вест Хем.