Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед се надева дека ќе ја намали цената на Џејдон Санчо кој се очекува ова лето да пристигне на „Олд Трафорд“ од Боруисија Дортмунд.
„Мундо Депортиво“ пишува дека англискиот клуб ќе се обиде да ја намали цената така што во договорот за младиот фудбалер ќе го вклучи Алексис Санчез кој годинава игра во тимот на Интер.
Чилеанецот важеше за еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, но по трансферот во Манчестер Јунајтед неговата кариера тргна надолу, па тој веројатно ќе си оди од клубот по крајот на оваа сезона.
Од Борусија Дортмунд можеби ќе сакаат да влезат во преговори со Јунајтед доколку Санчез се согласи да ги намали примањата кои во моментов му се екстремно високи. Тој заработува близу 400.000 фунти неделна плата, а голем дел од оваа плата му ја покрива Манчестер Јунајтед иако тој игра за Интер.