Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед планира средниот ред да го „закрпи“ со фудбалер на ПСЖ кој минатото лето направи транфер во овој клуб.
Имено, како што пишува „Ле10 Спорт“, Јунајтед е заинтересиран за услугите на 30 годишниот сенегалски интернационалец, Идриса Гана Геје.
Геје минатото лето реализираше трансфер во редовите на ПСЖ од тимот на Евертон. Настапите во Премиер лигата не му се непознати затоа што претходно играше и во Астон Вила, па токму затоа од Јунајтед ќе се обидат да го донесат во своите редови.
Сезоната што беше прекината во Франција, Геје беше редовен во дресот на ПСЖ и запиша вкупно 31 натпревар во сите конкуренции.