Манчестер Јунајтед со рутинска победа против Лутон Таун


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед се пласираше во следната фаза во Карабао Купот откако со 3:0 славеше на гостувањето кај Лутон Таун.

„Ѓаволите“ одиграа онолку колку што беше потребно за да го победат тимот кој се натпреварува во Чемпионшип лигата.

Првиот гол го постигна Хуан Мата од пенал пред крајот на првиот дел, додека останатите два гола ги постигнаа Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд во самиот финиш од средбата.