Манчестер Јунајтед со судни маки стигна до победа против Вотфорд (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер Јунајтед забележа победа на првиот натпревар на Оле Гунар Солскјер како перманентен менаџер на клубот.

„Ѓаволите“ со 2:1 го совладаа Вотфорд во многу тежок натпревар за нив одигран на „Олд Траофрд“.

Хави Грасија одлично го постави тимот кој во текот на целиот натпревар форсираше висок пресинг, нешто на што фудбалерите на Манчестер Јунајтед немаа баш одговор.

Сепак, искуството кое го имаа фудбалерите на Солскјер беше пресудно да стигнат до победа на оваа средба.

Резултатот го отвори Маркус Рашфорд по еден успешно реализиран контра напад откако го искористи пасот на Лук Шо.

На 2:0 зголеми Ентони Марсијал, додека во самиот финиш Вотфорд стигна до гол за неизвесност преку Дукуре, но не можеа по втор пат да го матираат Де Хеа.

Брајтон- Саутемптон 0:1

Барнли- Вулверхемптон 2:0

Кристал Палас- Хадерсфилд 2:0

Лестер- Борнмут 2:0