Манчестер јунајтед стана гробница за тренери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Ерик Тен Хаг е под сериозен притисок и му се заканува отказ, иако легендарниот Пол Сколс смета дека тоа би било грешка.

Сколс ја анализираше ситуацијата во клубот од „Олд Трафорд“ и кажа дека тренерот не е главен проблем за лошите резултати.

„Тен Хаг нема стандардна четворка во одбраната и тоа е проблем. Тој сака брзи играчи, но тоа повеќе не може да го добие од Варан. Јунајтед се претвори во гробница за тренери, посебно во нивната втора сезона. Минатата година почувствувавме дека има напредок, но сега повторно има проблеми. Не е до тренерот, туку голем број играчи се во лоша форма“, вели Сколс.