Манчестер јунајтед урна еден куп рекорди против Саутемптон!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера го распарчи Саутемптон во 22. коло од англиската Премиерлига со 9-0, а хоророт за гостите почна во втората минута со црвениот картон за Александре Џанквиц.

Ова беше трет пат во историјата на Премиерлигата некој тим да победи со девет голови разлика, а претходно тоа им успеа на „ѓаволите“ против Ипсвич во 1995 година и на Лестер против Саутемптон во 2019 година.

Овие девет голови на „ѓаволите“ беа дело на седум фудбалери, и тоа е само вторпат еден тим во Премиерлигата да има толку стрелци во еден меч. Последен пат тоа се случи на дуелот меѓу Челси и Астон Вила пред девет години.

„Ѓаволите“ со овие девет голови дојде до бројката до 12 против Саутемптон, па така го израмни рекордот на Блекбурн против Нингем, Тотенхем против Виган и Манчестер сити против Вотфорд.