Манчестер јунајтед веќе избра замена за Тен Хаг!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ерик Тен Хаг сè уште е на кормилото на Манчестер јунајтед, но тоа би можело да се промени наскоро откако екипата испадна од Лигата на шампиони (ЛШ).

Англиските медиуми пишуваат дека управата полека го губи трпението, а веќе избрала и замена за Тен Хаг.

Хулен Лопетеги е кандидат за тренерското столче на „Олд Трафорд“. Тој во моментов е слободен откако си замина од Вулверхемптон, а потоа одби неколку понуди од Саудиска Арабија.

Лопетеги одбил 18 милиони евра годишно од Саудиска Арабија, зашто наводно сакал да се врати во Премиерлигата.