Манчестер Јунајтед влегува во трката за нашиот Елиф Елмас


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучил во трката по нашиот Елиф Елмас.

„Фудбал Инсајдер“ пренесува дека Манчестер Јунајтед го посочил Елмас како одлично решение за средниот ред за во иднина.

19 годишниот Елмас е постојан извор на шпекулации и неговото име секојдневно се поврзува со голем број европски гиганти.

Наводно, за него има интерес од Лацио, Фиорентина, Зенит, Атлетико Мадрид и Тотенхем, а според најновите најави, интерес има и од гигантот од Англија, Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ ова лето ќе останат без неколку играчи од средниот ред. Откако минатата зима од таборот си замина Фелаини, ова лето потврдено е заминувањето на Андер Ерера, а исто така нов клуб веројатно ќе има и првата ѕвезда на клубот, Пол Погба.