Манчестер Јунајтед влезе во трката за играчот на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да влезе во трката за фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ.

Хрватскиот интернационалец е под договор со „Каталонците“ до 2021 година, но речиси сигурно ќе си замине по крајот на оваа сезона за да ослободи место за Френки де Јонг кој ќе пристигне во пресрет на следната сезона.

За Иван Ракитиќ постои сериозен интерес и од таборот на Интер кој веќе одреден период се поврзува со ангажман на играчот од средниот ред.