Манчестер Јунајтед во напредни преговори со Борусија, со Санчо веќе се договориле


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што одминува времето се поизвесен се гледа трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед.

„Скај Спортс“ пренесе дека личните услови на играчот и петгодишен договор се веќе договорени и останува уште двата клуба да се договорат за висината на обесштетувањето.

Борусија Дортмунд бара 120 милиони евра доколку трансферот не биде платен веднаш или 100 милиони евра доколку Јунајтед го плати наеднаш.

Со оглед на ситуацијата постои опција трансферот да изнесува 120 милиони евра, а Јунајтед да го плаќа во три години.

Прватагодина би кеширале 70 милиони евра, следната 30 милиони евра, а во 2022 година уште 20 милиони евра на сметката на Борусија Дортмунд.