Манчестер Јунајтед во пол позиција за ангажман на Халанд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е во пол позиција за ангажман на одличниот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Халанд.

19 годишниот фудбалер игра феноменално оваа сезона и веќе има постигнато 15 голови на 11 средби во австрискиот клуб, а шест од головите ги постигна во Лигата на шампионите.

„Калчомеркато“ пишува дека Наполи се откажал од намерата да го ангажира Халанд со образложение дека биле убедени дека тој ќе избере повторна соработка со Оле Гунар Солскјер и ќе се пресели на Островот.

Инаку токму Солскјер му даде деби настап на Халанд во дресот на Молде пред неколку сезони.