Манчестер Јунајтед во преговори со Барселона за ангажман на Дембеле


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ги интензивира напорите за ангажман на Усман Дембеле од редовите на Барселона.

Дека „ѓаволите“ преговараат со Барселона пренесе и најеминентниот медиум од Англија, „Скај Спортс“.

Истата вест ја потврди и познатиот новинар специјализиран за трансфери, Фабрицио Романо кој истакна дека Јунајтед ја убедува Барселона да го пушти Дембеле на позајмица.

Роналд Куман пак истакна дека ќе смета на Дембеле за претстојниот дел од сезоната, но нагласи дека конечната одлука за тоа дали тој ќе остане  е на раководните лица на клубот.

„Ќе сметам на него, тој беше навистина добар овие неколку недели. Тренираше добро денеска и јас сметам на него, но одлуките за неговата иднина се на клубот и на самиот играч“ –изјави Куман.