Манчестер Јунајтед во преговори со лев бек


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако останаа без услугите на Серхио Рехуилон кој кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем, од Манчестер Јунајтед влегле во преговори со нов лев бек.

Новинарот на „Скај Спортс“, Каве Солекол пренесува дека англискиот клуб влегол во преговори со Алекс Телеш од редовите на Порто.

Телеш е предмет на интерес и на ПСЖ, но се верува дека Манчестер Јунајтед во моментов има предност во преговорите пред францускиот клуб.

Фабрицио Романо пак денеска најави дека Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе донесе еден лев бек и еден крилен фудбалер до крајот на преодниот рок.