Манчестер Јунајтед заинтересиран за соиграч на Стефан Ристовски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е заинтересиран за уште еден фудбалер на Спортинг Лисабон.

По ангажманот на Бруно Фернандеш кој се покажа како чиста десетка, од Манчестер Јунајтед плнираат да ангажираат млад фудбалер на Спортинг за кого ќе треба да издвојат завидна сума на пари.

Станува збор за 18 годишниот Нуно Мендеш кој собра седум натпревари во сениорскиот тим на Спортниг и тоа сите во натпреварите играни по паузата предизвикана од коронавирусот.

Нуно Мендеш во сениорскиот табор на Спортинг е соиграч со Стефан Ристовски, додека првиот дел од сезоната го помина како соиграч на Димитар Митровски кој ги брани боите на младинскиот тим на португалскиот клуб.