Манчестер Јунајтед застанува зад својот капитен: За разлика од ФА, од клубот нема да му завртат грб


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Хари Мегваер беше прогласен за виновен за тепачката на грчки Миконос, а потоа доби обвинение и за нападот врз полициските службеници по што заработи казна затвор од 21 месец.

За негова среќа истата е условна, па така тој ќе биде на слобода и ќе може да продолжи да игра фудбал.

Сепак, ваквите случувања го натераа селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт да го отстрани играчот од својот тим и да не смета на него на претстојните натпревари од Лигата на Нациите.

Се шпекулираше дека и во Манчестер Јунајтед лути поради однесувањето на Мегваер ќе му ја одземат капитенската лента, но се чини дека тоа нема да се случи.

„Ѓаволите“ ќе застанат во одбрана на својот капитен и на средбата која е закажана за следните денови ќе му ја дадат својата поддршка и ќе му посочат дека тој и следната сеозна ќе остане капитен на клубот