Манчестер сити добива големо засилување во продолжение од сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити вчера загуби од Астон вила и така продолжи со лошите резултати, а Пеп Гвардиола мора да бара начин како да ја надмине кризата.

Добра вест за Гвардиола е тоа што наскоро го добива Кевин Де Брајне како засилување, а тоа го потврдува и списокот на кој е пријавен за настап на Светското клупско првенство.

Де Брајне се повреди во август, по што беше на операција и се очекуваше да се врати во јануари, но рехабилитацијата се движела во добар правец и затоа се очекува негово враќање на средината на декември.