Манчестер сити договара уште еден Аргентинец


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити почна преговори со уште еден аргентински клуб по трансферот на Хулијан Алварез.

Фабрицио Романо објави дека екипата од „Итихад“ постигнала договор со Велез Сарсфилд за трансферот на 20-годишниот Максим Пероне.

Еден од најталентираните аргентински фудбалери би можел наскоро да го облече дресот на „граѓаните“, а целиот трансфер се очекува да изнесува околу 8,5 милиони евра.

Деталите за трансферот во Манчестер сè уште не се објавени, но нема сомнеж дека клубот од Аргентина ќе ја наполни својата каса.