Манчестер Сити го комплетираше трансферот на третото засилување оваа лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити го комплетираше трансферот на португалскиот интернационалец Рубен Дијас кој доаѓа од Бенфика.

23 годишниот стопер потпиша шестогдишен договор со Манчестер Сити кој ќе го задржи на „Етихад“ до 2026 година.

По ангажманите на Феран Торес и Натан Аке, Рубен Дијас е третото засилување за Манчестер Сити за оваа сезона.

Како дел од трансферот на Дијас, во спротивен правец во Бенфика ќе се пресели искусниот Николас Отаменди.