Манчестер сити го прегази Флуминенсе и стана светски клупски првак (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер сити го освои Светското клупско првенство, откако денеска беше подобар со 4-0 од бразилски Флуминенсе.

„Граѓаните“ немаа тешка задача против Флуминенсе, па постигнаа по два гола во двете полувремиња за да ја остварат победата и да се закитат со уште еден пехар.

Во првото полувреме стрелаше Алварез и автогол си постигна Нино, додека во вторите 45 минути повторно погоди Аргентинецот, а во листата на стрелци се запиша и Фоден.