Манчестер Сити и Јувентус во битка за фудбалер на Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед дефинитивно испадна од трката за ангажман на Калиду Кулибали од Наполи.

Имено, „Тутоспорт“ пренесува дека за одличниот одбранбен фудбалер сега постои сериозна заинтересираност од Манчестер Сити и Јувентус.

Јувентус ќе го ангажира Кулибали само во случај да не успее да го донесе Матијс Де Лихт кој е најблиску до трансфер во Торино.

Најголема е веројатноста сенегалскиот интернационалец да остане во Неапол, но постои можност тој да си замине и да се пресели во некој од овие два клуба.