Манчестер Сити ја доби битката со Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пренесува „Дејли Стар“, Манчестер Сити е многу блиску до ангажман на Хари Мегваер од редовите на Лестер.

„Граѓаните“ ја добиле битката со Манчестер Јунајтед за стоперот на англиската репрезентација затоа што се согласиле да платат 65 милиони фунти, а трансферот ќе се комплетира следната недела.

Манчестер Јунајтед понудил само 50 милиони фунти за играчот кој преферирал трансфер во тим кој би играл во Лигата на шампионите следната сезона.