„Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Премиерлигата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигата неодамна го казни Евертон и му одзема бодови поради прекршување на правилата за фер-плеј, а сега се води постапка против англискиот шампион Манчестер сити.

„Граѓаните“ се обвинети за прекршување на 115 правила за период од четири години, па сега се води судски процес против клубот.

Поранешниот новинар на „Скај Спортс“, Џеф Шривс објави дека Манчестер сити ќе биде исфрлен од лигата.

„Случаите со Евертон и Манчестер сити се различни. Евертон водеше дијалог со Премиерлигата, додека Манчестер сити оди на суд. Тоа е долг процес, но не гледам друга одлука освен Сити да биде исфрлен од лигата“, кажа Шривс.