Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Манчестер сити сака да ги заврши повеќето летни трансфери пред почетокот на Светското клубско првенство, истакнуваат англиските медиуми. По резултатски неуспешна сезона и победа само на „Community Shield“, клубот од Етихад одлучи дека ќе биде потребно да се доведат нови играчи. Обновувањето на ростерот започнува брзо и треба да биде завршено во следните неколку недели.
„Одредивме кои се точно нашите цели, на кои позиции, и имаме јасни опции број еден и два. Почнуваме со работа. Целта е да имаме нов тим за Светското клубско првенство”, изјави претседателот на клубот, Халдоон Ал Мубарак.
Се очекува првиот потврден трансфер да биде Тијани Рејндерс. Холандскиот интернационалец и играч од средниот ред на Милан импресионираше во Италија оваа сезона, и покрај тоа што Милан заврши на осмото место. Тој беше прогласен за најдобар играч од средниот ред на Серија А, а Сити е заинтересиран за неговото доведување. Се очекува дека овој договор може да чини Сити околу 65 милиони евра.
Фото: Принтскрин