Манчестер сити му нуди нов договор на Де Брајне


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер сити е подготвен да му го продолжи договорот на Кевин Де Брајне до јуни 2026 година.

Де Брајне има соработка со „граѓаните“ до 2025 година, но наводно до белгискиот репрезентативец пристигнале понуди од Саудиска Арабија и затоа премиерлигашот решил да реагира.

Клубовите од С. Арабија наводно му нудат на Де Брајне повеќе од 50 милиони евра по сезона, а засега не се познати детали од понудата на Манчестер сити.

Белгиецот пристигна на „Итихад“ во 2015 година од Волфсбург, а досега за гигантот одигра 360 меча и постигна 97 голови.