Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англискиот шампион Манчестер сити го понудил нивниот напаѓач Габриел Жесус на гигантите од Мадрид, Реал и Атлетико, а фудбалерот наводно сака плата од пет милиони евра годишно.
Атлетико не е заинтересиран за услугите на напаѓачот, но Реал не ја исклучува опцијата да го ангажира, но сè уште е рано да се каже дека дефинитивно ќе тргнат по неговите услуги.
Жесус има квалитет, иако не добиваше шанса во Манчестер, но сепак ги користеше своите моменти и знае да постигне гол кога е потребно, а токму тоа му ја остава отворена вратата во Мадрид.
„Кралевите“ го имаат одличниот Карим Бензема, кој го предводеше тимот во текот на целата сезона, но кога не е на теренот Реал има проблеми во нападот затоа што Лука Јовиќ се покажа како големо промашување.