Манчестер Сити му спреми нов договор на Стерлинг

Управата на Манчестер Сити планира Рахим Стерлинг да го награди со нов договор, пишуваат странските медиуми.

Англискиот фудбалер во континуитет пружи одлични партии во дресот на Манчестер Сити, а на Етихад се обидуваат да направат се за во иднина да го задржат во своите редови и веќе му спремија нов, уште подобар договор.

На Островот тврдат дека доколку двете страни постигнат договор, Стерлинг на неделно ниво ќе заработува 350.000 фунти и воедно тој би бил најплатениот играч во историјата на Манчестер Сити.

„Преговорите помеѓу Стерлинг и Манчестер Сити околу новиот долгорочен договор веќе се започнати“, се пишува. Помеѓу останатато, наведуваат и за тоа како на Етихад не сакаат да ризикуваат бидејќи овој фудбалер го посакуваат и во шпанскиот гигант – Реал Мадрид.

Оваа сезона Стерлинг за Манчестер Сити има постигнато 14 погодоци во 19 лигашки натпревари, а притоа има запишано и пет асистенции. Пред да дојде на Етихад тој играше за Ливерпул.