Манчестер сити на бизарен начин во 2008 година можел да го купи Меси


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Поранешниот директор на Манчестер сити, Гери Кук откри на англиските медиуми дека клубот случајно испратил понуда за Лионел Меси.

Токму тој бил човекот, кој ја испратил понудата, а таа изнесувала 70 милиони фунти, која била испратена на бизарен начин во 2008 година.

Тогаш сопственик на клубот бил Таксин Шиневатра, а Кук со неговата десна рака Паирој разговарла за трансферот.

„Паирој зборуваше со мене на телефон додека го масираа. Зборуваше на лош англиски јазик, па јас го разбрав дека сака да го купиме Меси. Потоа ми се јавија од Премиерлигата и прашаа дали сме испратиле понуда од 70 милиони фунти“, открива тој.

Наводно, Барселона ја разгледувала сериозно понудата, а Кук вели дека можел да се постигне договор доколку неколку недели претходно била испратена бизарната понуда.