Манчестер Сити добро ја започна оваа сезона во Премиер лигата и веќе рано се кандидираа за освојување на титулата.
Вчера го совладаа Ковентри, беше 1:0, Манчестер Сити имаше дури 78% од поседот, неверојатни 770 додавања, па се чини како Пеп Гвардиола никогаш да не си отишол од Манчестер Сити.
Изгледа дека за тоа придонесе и Елиот Андерсон.
Човекот вчера им докажа на сите дека можеби ќе биде најголемото засилување на Манчестер Сити, бидејќи беше непогрешлив.
Со 92.3% успешни додавања, 155 обиди за додавање, Андерсон е првиот човек од декември 2023 година во Премиер лигата кој успеа да ја надмине бројката од 92% додавања со над 150 обиди.
Претходниот беше Родри.
Андерсон беше импресивен и на Светското првенство, очигледно е дека Манчестер Сити направи полн погодок со неговото доведување.
















