Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Пеп Гвардиола гледа кон Барселона и сонува за Дани Олмо. Манчестер Сити сака да донесе модерна десетка – играч кој може да ги поврзува линиите, да создава шанси и сам да ги завршува. Првиот избор на англискиот клуб е шпанскиот репрезентативец и играч на Барселона, наведува Relevo.
Сè уште е рано да се каже дали овој сон може да се оствари бидејќи постои низа нејасности. Најважна е волјата на самиот Дани Олмо, кој пред помалку од една година направи сè за да го исполни детскиот сон – повторно да заигра за клубот во кој пораснал.
Сезоната на Олмо, обележана со тензиите околу регистрацијата, како и со мускулните повреди, беше добра, но не и блескава: одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и запиша 6 асистенции. Ханси Флик оваа сезона не му дозволи да одигра ниеден лигашки натпревар сите 90 минути.
Фотографија: Принт-скрин