Манчестер сити остана без двајца фудбалери по мечот против Јанг бојс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити славеше со 3-0 против Јанг бојс, но тренерот Пеп Гвардиола се соочува со проблеми бидејќи му се повредија двајца фудбалери.

Англискиот дефанзивец Џон Стоунс се повреди на натпреварот, па го чека нова пауза, откако претходно ги пропушти првите седум натпревари сезонава поради проблеми со бутниот мускул.

На мечот се повреди и Мануел Аканџи, кој има проблеми со грбот, но најверојатно ќе биде подготвен за следниот натпревар на екипата.

„Граѓаните“ ги чека пеколен распоред бидејќи играат против Челси, Ливерпул, Тотнем и Астон Вила во Премиерлигата.