Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Приближува завршницата на сезоната во европските натпреварувања, а Манчестер Сити ќе ја одигра без главниот голгетер – Ерлинг Халанд.
Во неделата Манчестер Сити го совлада Борнмут во четвртфиналето на ФА купот и така влезе во самата завршница на ова натпреварување.
Ерлинг Халанд постигна гол за израмнување (1:1) во 49. минута, а Омар Мармуш постигна гол за победа и го постави конечниот резултат 2:1 на семафорот.
Меѓутоа, само 12 минути по постигнатиот гол – Норвежанецот мораше да го напушти теренот и беше заменет од Нико О’Рајли.
Првите информации беа дека не е во прашање сериозна повреда и дека центарфорoт ќе може брзо да се врати на теренот.
Сепак, најновите вести зборуваат поинаку. Англиските медиуми сега пренесуваат како сезоната е завршена за Ерлинг Холанд.
.🚨⚠️ Ерлинг Холанд, ќе изостане од најголемиот дел од завршниот дел на сезоната поради повреда на глуждот.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) 31 март, 2025
Се очекува Холанд да биде подготвен за учество во завршните фази на сезоната, вклучувајќи го и Светското клупско првенство.
По првичните тестови денес, Холанд ќе се консултира со специјалист. pic.twitter.com/Hjygx4oeLK