Манчестер сити потврди: Родри ги скинал лигаментите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити соопшти детали од повредата на шпанскиот репрезентативец Родри.

Шпанецот беше заменет по 21 минута игра во дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал (2-2) во неделата, откако се здоби со повреда.

Родри по дуелот со Томас Парти падна на тревникот и побара медицинска помош, по што мораше да го напушти теренот.

„Граѓаните“ потврдија дека Родри ги скинал лигаментите и најверојатно го чека пауза до крајот на сезоната.