Манчестер сити прави еден од најголемите трансфери во историјата на англискиот фудбал


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер сити денеска треба да потврди еден од најголемите трансфери во историјата на англискиот фудбал.

„Дејли Мејл“ пишува дека Џек Грилиш доаѓа во Манчестер, каде што ќе го комплетира трансферот од Астон вила во Сити и ќе стане апсолутен рекордер во англискиот фудбал.

„Граѓаните“ го договорија 26-годишниот фудбалер за 100 милиони фунти и Грилиш ќе стане најскап фудбалер во историјата на фудбалот во Англија.

Во моментов најскап трансфер во Англија е тој на Манчестер јунајтед од 2016 година, кога на Јувентус му плати 89 милиони фунти за францускиот играч Пол Погба.

Платата на Грилиш во Сити ќе биде поголема од 200.000 фунти неделно.