Манчестер Сити пред ангажман на „старо-нов“ лев бек


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пишува дека Манчестер Сити очекува да го донесе левиот бек на ПСВ, Ангелино.

22 годишниот фудбалер се очекува да ги помине медицинските прегледи во Манчестер во следните 24 часа пред и официјално да стави потпис на договор со „граѓаните“.

Интересно е тоа што Ангелино минатата сезона си замина од Сити и се пресели во Холандија каде имаше импресивна сезона постигнувајќи еден погодок и запишувајќи 12 асистенции.

Инаку сумата која Манчестер Сити ќе ја плати за играчот кој има три настапи за првиот тим на Англичаните е приближно шест милиони фунти.