Манчестер Сити продолжи да доминира, нов кикс на Лампард и Челси (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Со почеток од 16:00 часот продолжија натпреварите од 4. коло од англиската Премиер лига.

По киксот на Манчестер Јунајтед кој ремизираше на гостувањето кај Саутемптон, нов кикс доживеа и Челси кој иако имаше водство од 2:0, на крајот ремизираше против Шефилд Јунајтед.

Манчестер Сити, пак, продолжи да доминира и запиша убедлива победа од 4:0 на домашен терен против Брајтон. Де Брајн еднаш, Агуеро на два пати и еднаш Бернардо Силва беа стрелци на погодоците за „граѓаните“ кои се зацврстија на првата позиција.

Резултати:

Челси- Шефилд Јунајтед 2:2

Кристал Палас- Астон Вила 1:0

Лестер- Борнмут 3:1

Манчестер Сити- Брајтон 4:0

Њукасл- Вотфорд 1:1

Вест Хем- Норвич 2:0