Манчестер сити против Челси остана без „половина“ тим!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер сити во дербито против Челси ќе влезе без пет фудбалери. Откако Кајл Вокер и Габриел Жесус беа позитивни на вирусот, се покажа дека уште тројца се заразени со ковид-19.

Тренерот Пеп Гвардиола не сака да ги открие имињата на фудбалерите, но кажа дека се важни членови на првиот тим.

„Премиерлигата ни кажа да не ги откриеме фудбалерите. Мора да ја почитуваме нивната приватност. Ќе го видите составот, три важни фудбалери нема да бидат тука и точно ќе знаете кои се“, вели Пеп.

Дуелот меѓу Челси и Манчестер сити се игра в недела.