Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер сити сигурно нема да го ангажира Килијан Мбапе, кој се поврзува со голем број гиганти, а Англија е една од можните дестинации.
Пеп Гвардиола бара замена за Серхио Агуеро, а подготвен е за Мбапе да плати 200 милиони евра, но проблем е платата. Младиот напаѓач бара неверојатни 36 милиони евра по сезона.
„Сити нема да го ангажира Мбапе, зашто нема да ја менува политиката на тимот и нема да преплатува фудбалери. Платата на Мбапе би ја нарушила хармонијата во соблекувалната и многу играчи би барале поголеми договори“, пишуваат медиумите.
Французинот најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, а во конкуренција за неговиот потпис е и Ливерпул.