Манчестер Сити се издигна над проблемите и со сигурна игра славеше против Вест Хем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити успеа да слави пред своите гледачи со 2:0 против тимот на Вест Хем.

„Граѓаните“ се вратија на победничките патеки по поразот од Тотенхем во претходното коло, а на средбата покажаа дека нема негативни траги од казната која им ја изрече УЕФА во пред неколку дена.

Родри и Кевин Де Бруј беа креатори на победата на момците на Гвардиола кои имаа целосна контрола врз натпреварот против тимот кој до крај ќе се бори за опстанок во Премиер лигата.