Манчестер сити со „крпена одбрана“ против Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити во вторник гостува кај Реал Мадрид, а Пеп Гвардиола има големи проблеми во одбраната.

„Граѓаните“ на последниот тренинг останаа без Кајл Вокер, Нејтан Аке и Јошко Гвардиол на кои не може да смета Пеп за дербито во Мадрид.

Ова се лоши вести за „граѓаните“ затоа што ќе мора да сметаат на Аканџи и Рико Луис како бекови, додека во средината најверојатно ќе заиграат Рубен Дијаш и Џон Стоунс.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити е закажан за вторник во 21 часот.