Манчестер Сити со нова снимка од Родри ги воодушеви фановите (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и актуелен добитник на „Златната топка“, Родри, започна со индивидуални тренинзи во напорите да се врати на теренот по долгото отсуство поради повреда.

Шпанскиот играч за врска ја повреди лигаментите во септември и мораше да се подложи на операција. Рехабилитацијата се одвива како што се очекуваше, а последниот прогрес му овозможи да започне со работа со топка, иако сѐ уште тренира самостојно.

И покрај позитивниот напредок, сѐ уште не се знае дали Родри ќе се врати на терените пред завршувањето на сезоната или ќе мора да го пропушти остатокот од неа.