Манчестер Сити во два дена ангажираше две големи засилувања


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Откако го потврдија ангажманот на Феран Торес од Валенсија, од таборот на Манчестер Сити штотуку го потврдија ангажманот и на Натан Аке.

Стоперот на „Етихад“ пристигнува од Борнмут за сума од 41 милиони фунит, а со клубот потпиша петгодишен договор.

„Доаѓањето овде е сон за мене. Ова е топ тим полн со играчи од светски калибар. Каде и да погледнеш во тимот има големи имиња со интернационално педигре.

Пеп е менаџер кој е почитуван низ целиот свет, тоа што го направи за оваа игра зборува само за себе. Успехот кој го има е неверојатен, а стилот на фудбал кој го игра ми годи“ –изјави Аке на презентацијата.