Манчестер Сити жестоко ги „пецна“ Реал Мадрид и Винисиус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа Родри ја освои „Златната топка“, а во Манчестер Сити беа воодушевени од овој факт, што го покажуваат и објавите на социјалните мрежи.

Иако многумина очекуваа дека „Златната топка“ ќе ја освои фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, тоа не се случи.

На крајот, наградата која ја доделува „Франс Фудбал“ ја освои играчот од средниот ред на Манчестер Сити и репрезентативец на Шпанија, Родри.

Со клубот од „Итихад“ одигра одлична сезона. Настапи 50 пати за клубот, и постигна девет голови со 14 асистенции.

Ете како се задоволни во Манчестер Сити што нивниот играч ја освои оваа престижна награда, а тоа го покажуваат и објавите на социјалните мрежи.

“Најдобар на светот!”

Со оглед на тоа што се пишува многу повеќе за тоа како Винисиус не ја освои наградата, отколку за тоа што Родри ја освои, изгледа дека во Манчестер Сити одлучиле да го „пецнат“ ривалот од Шпанија.

„Можеме ли да разговараме за Родри?“, стои во една објава од „Граѓаните“.