Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Како што пренесуваат странските медиуми, на адресата на Манчестер Јунајтед пристигнала изненадувачка понуда во висина од 70 милиони евра за еден фудбалер и со продажбата би заработиле многу за следниот трансфер период.
Маркос Рашфорд ќе биде продаден откако ќе се врати од позајмица од Астон Вила, а клубот летово треба да го напуштат и Коби Мејну, како и Алехандро Гарначо.
Додека се чекаат некои понуди за нив, на адресата на Манчестер Јунајтед пристигна огромна понуда за играч за кого тоа не се очекуваше.
Станува збор за крилниот напаѓач Антони, кој повторно игра извонредно за Реал Бетис, каде е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Бразилецот дојде во Манчестер Јунајтед за околу 100 милиони евра од Ајакс во 2022 година, но имаше тешкотии да се снајде во овој клуб.
Фото: Манчестер Јунајтед/ФБ